Се навикнавме секојдневно да сме со мобилниот во рака, но и со лаптопот или десктопот пред себе си, по неколку часа на ден. Како корисници на интернетот, имаме секогаш големи очекувања од се на што ќе кликнеме. На секој клик очекуваме брзо прикажување на содржина, таа да е читлива. А од страна на бизнисите, пак, очекувањата се дека секој посетител ќе направи акција од која бизнисот ќе добие нов купувач и нова продажба.

Се што гледаме на интернет, портали, веб страници на фирми, социјални мрежи како Facebook и другите, па и емаил сервисите како gmail, outlook, yahoo, се во основа сервиси базирани на веб страница. Да, во позадина стои различен софтвер со различна функција, но ние, корисниците, комуницираме со тој софтвер преку веб страница.

Замислете, кога секој бизнис би имал сопствена веб страница преку која би можеле да искомуницирате за да си ја завршите работата веднаш, исто како што тоа го правиме на пример со проверка на емаил, читање на пристигната порака, одговор на истата итн. ?

Веб страницата е основен темел за успешен дигитален маркетинг

Основното место каде е бизнисот е сопствената веб страница. Таа ги содржи сите содржини кои бизнисот ги комуницира со пазарот, за да оствари некаква своја цел. И откога содржината ќе биде поставена на веб страницата, потоа истата се споделува на различни канали за комуникација за да дојде до што е можно поголема публика. За од таму да дојдат постоечките и новите купувачи до бизнисот, за бизнисот да оствари релација со купувачот, на пример продажба.

Постојат различни канали за комуникација т.е споделување на содржината од сопствената веб страница. Тоа може да бидат социјални медиуми како Facebook, Google My Business, LinkedIn, Twitter, како и емаил маркетинг, и друго.

Погрешно е убедувањето на многу бизниси кое на кратко звучи вака: ние сме на Facebook или Instagram, и супер ни оди, не ни треба ништо друго. Да, можеби моментално тоа е така, но нема никаква гаранција дека и така ќе остане. Се менуваат правилата, се унапредуваат техниките, конкуретноста во содржините е голема, па мала е веројатноста дека моменталниот успех, а воедно и задоволство од таа маркетинг активност, ќе опстане долгорочно. Тоа е ризично убедување, кое може и да наштети на бизнисот.

Не можете да имате излог во светски позната уметничка галерија без ателје дома

Веб страницата е темелот на онлајн присуството на бизнисот, а со тоа и клучна база за квалитетен дигитален маркетинг. Затоа, креирањето на сопствена веб страница, постојано креирање на содржина на веб страницата која „ќе биде интересна“ за пребарувачите како Google, Bing, и секако купувачите, потоа постојаното техничко надградување со новини кои ќе овоможат истата да биде брза, SEO оптимизирана, со современ дизајн за одлично корисничко искуство, е главна и почетна активност на секој бизнис без разлика на големината и староста.

Доколку имаате застарена веб страница, вие сте во предност пред другите

Веќе имате искуство, резултати, и знаете што треба да подобрите. И сигурно ја научивте лекцијата: потребен ви е стабилен партнер кој ќе ви овозможи се што е потребно веб страницата на вашиот бизнис да ги задоволи сите параметри за да истата обезбеди вредност и резултати во вашите активности за успешен дигитален маркетинг.

 

Преземено од InOne