Авизо мисија

Создаваме канали за сите информации до крајниот корисник – ефикасно, практично, динамично, едноставно.

Нашите клиенти

Деловни луѓе, менаџери, млади и стари претприемачи, генерални или извршни директори, оперативни менаџери, студенти; луѓе кои почнуваат со свој бизнис, или обични граѓани кои сакаат да бидат редовно информирани за случувањата во Македонија – бизнис, политика, култура, спорт, забава и сл. Популација на возраст од 18 до 65 години.

 

Мултимедијален центар со следните услуги и производи за вашиот бизнис:

Продукција (аудио, видео, веб, мултимедија, радио продукција)
Интернет маркетинг и маркетинг истражување
Едукација и консалтинг
Овие области се имплементирани во стратешкиот бизнис план, креиран врз база на неколку клучни елементи на денешното време: е-бизнис, интернет, маркетинг, односни со јавноста, новинарство.

Постоиме од 1997 година. Работиме активно на реализација на производи и проекти, соработуваме со повеќе реномирани компании и институции од различни земји и дејности. Кликнете на портфолио листа и референци и запознајте дел од нашите клиенти и бизнис партнери.

До денес реализиравме голем број проекти пред се за клиенти во Македонија. Посветени на клиентот преку специјално оформен и посветен тим од професионалци, вложуваме максимум напор во усовршувањето на пристапот кон клиентите, воспоставувајќи долгогодишна лојалност и доверба.

Ние сме професионалци со повеќегодишно искуство во работа со современи мултимедиски и медиумски системи. Електронското издаваштво е наша редовна активност. Започнувањето и реализацијата на Проектот за изадавање на дневен, неделен и месечен електронски весник воспостави нови канали на информација и вовед на нов производ во македонскиот медиумски простор е-весник . Како промотери и реализатори на идејата за збогатување на електронското издаваштво во Македонија, потврдува фактот дека Авизо е прв издавач на дневен електронски весник („Дневен е-Еснаф“ ).

Ова е нашиот портфолио сајт. Запознајте се со нашата палета на услуги, наши референци… Но имајте на ум дека сме посветени на индивидуални решенија за секој наш клиент. Нашиот пристап е конкретен, сетот на услуги и производи спакуван во понуда е прилагоден на буџетот, потребите, зрелоста на бизнисот, стратегијата и плановите на вашиот бизнис.

Секогаш посветени кон иновација на нови видови услуги, комуникација и маркетинг пристап.

Конкретно ангажирани во интерес на клиентот, за подобар и препознатлив бренд, подобар финансиски резултат и раст на бизнисот.

 

 

Кое е значењето на поимот Авизо ?

Називот на нашата компанија воопшто не е случаен. Напротив, тој има директна, но и симболичка смисла и значење, а пред се тргнувајќи од етимолошкото.

„Авизо“ е „усно или писмено, телефонско или телеграфско известување на отпремникот до странката за пристигнување на стока, чек или меница или отворен акредитив“.Да авизираш (фр. aviser) значи да известиш, најавиш, предупредиш.

Aвизото е „покрив“ или „капа“ на комплексно работење и дејствување, конкретно на комплексен бизнис во една сфера. Со други зборови, тоа е постојано, неменливо, дефинитивно (како што и покривот на една куќа е постојан-неменлив се додека куќата трае-опстојува; како што „капата“ на градот-светот (највисоката планина) е една, постојана и ја чува „главата“, го брани „телото“ од непознати- „туѓи тела“). Едновремено е и едно и единствено. Заедно со оригиналноста и неповторливоста, тоа- авизото има функција на препознавање, разликување од други.

Авизото во себе ја содржи пред се оригиналноста односно станува збор за „авторско дело“. Со тоа се нагласува творечкиот пристап во правењето, работењето, дејствувањето од идеја до реализација. Ако не во неговата целост, тогаш во основниот-главниот дел.

Доколку авизираме еден бизнис проект кој е комплексен односно содржи повеќе- многу сегменти, делови, подпроекти (единици, погони, одделенија, „фирми- ќерки“ итн.), тогаш е нужно да се има единствен, препознатлив знак- лого, сигнал, наслов. Деловите, пак, имаат „подзнаци“, делови од „авизо-сигналот“,„поднаслови“. Во електронските медиуми (радијата, телевизиите) тоа е „шпицата“ која го содржи „другото“ (наслови на одделни рубрики, имиња на носители- водители, презентери, медијатори).

Се она што е досега реализирано под „покривот“ Авизо, но и она што останува да се реализира кога за тоа ќе се создадат поволни услови (пред се материјално-финансиски и кадровски), а е назначено на овој сајт, го потврдува суштинското значење на нашето работење.

 

Аудио книги:


Веб страни:


Електронски весници:


Newspapers


Мултимедијални цд ромови

  • Слободна економска зона во Македонија – Бунарџик, 2006 г.
  • Мултимедијален CD магазин за деловни луѓе „Еснаф“
  • Македонска банка за поддршка на развојот
  • Дирекција за Цивилна воздушна пловидба на Република Македонија
  • Министерство за екологија, Канцеларија за озонот
  • Слободна економска зона во Македонија – Бунарџик, 2003 г.

Локална радиостаница во Скопје „Радио Гром“


Радио емисии

Програми од јавен интерес:

  • Лирско ехо (прв и втор циклус), Напластени векови, Музичка енцикопледија „Политоника“, Авантура на опстојот, Родопис-родослов, Ова не е топ листа, Професија менаџер, Јазикот е мојата татковина (прв и втор циклус), Духовен идентитет, Отворени страници, Е-бизнис, Биомедика, Библиофилија, Imagination, Однапред и одзади.

Програмски радио проекти:

  • Хрономер, Универзалии-Паноптикум, Огледало на денот, Интермедиум, Живот и ритам, МОСТ-Скопска хроника, Ден и ноќ, Ноќна ведрина, Музичка антологија, Громобран, Урнебесен вентилатор, Седмиот ден – неделно попладне, FOREVER – за сите времиња, Евергрин топ листа, Горе високо-долу длабоко-Вие во средината, Утре е понеделник.

Во наведените програмски проекти употребени се следните рубрики:

Автостоп, Балкан шоу, Библиофилија, Бојата на сонот, Во твоите очи молк, Вредност и минливост, Гард, Гласот на љубовта, Говорот на годините, Да си мерак песна, Да, ама сепак не, Дежурен афоризам, Деловник, Денес е секој ден, Диско диск, Добро утро џезери, Догорче, Домаќинлак, Домисла, Една песна-јас и ти, Економски лексикон, Етно корени, Еурека, Живеалиште, Зад хоризонтот, Запри време пред невреме, Зборовник, Збор-песна, Здив без интерпункција, Златна гранка, Зошто ми се срдиш, либе, Ѕвезди на љубовта, Игра на светлината, Има некоја тајна врска, Името на играта, Јазикот е мојата татковина, Како ти, Контрапункт, Концерт на мојата улица, Корени, сенки и одеци, Креативен маркетинг, Крстопат, Куќа на изгрејсонцето, Лирско ехо, Ловци-риболовци, Љубов и магија, Љубов, вино и солзи, Мајстори на звукот, Маргиналија – Животот наш насушен, Медијатор, Митологика, Модра река, Мозаик, Моите пријатели, Моја генерацијо, Мојата песна, Мојата фонотека, Мрежа за неуловливото, Музика без граници, Музика на вековите, Музичка антикварница, Насамо со Вас, Нашата севидност, Невери – изневери, Низ клучалката на ветрот, Оган под ѕвездите, Огледало на денот, Огнена топка, Оро игралито, Остани во мене, Отворен пат, Очите на тигарот, Пеј со добро вино, Пензионери – трето полувреме, Песнарка-зборалка, Песната е да се слуша, Песочен часовник, Печат-тема за дилема, Пинакотека, Побарај ме со песна, Под сенката на годините, Позборник, Покана за танц, Прес вентилатор, Пријатели на човекот, Приказни за големи деца, Принципи на деловност, Природознание, Простори на егзактноста, Пурпурен свет, Радио именик, Радио турс, Радио шоп, Решето, Ритамот го пишува твоето име, Родопис-родослов, Самотен зрак во сонот, Светоглед, Светот на симболите, Секогаш, Силата на срцето, Сина птица, Скалила за сонце, Слушни ја мојата песна, Сонце за три света, Сонце огреало,песна запеало, Спасение – вдахновение, Спокоен чекор, Стара љубов, старо вино, Стариот пајтон, Стилски вежби, Темпо блуз, Технограф, Ти и твоето срце, Тоа беа години, Трајно и бескрајно, Трактат без такт, Трње без ружи, Ќар и зарар, Уметноста на зборот, Фати го ритамот, Фемина, Фолк ритам, Хобирања, Чекајќи го сонот за тебе, Чекори за двајца, Чукни во дрво, Џез легенди, C’est la vie, Discover, Gold stars, Liberta, Mix – маркетинг, Modus vivendi, Music Box, Musica latina, Rock set, Vox populi – Гласот на народот.


Радио дизајн

Комплетен радио дизајн за Радио Гром за период 1996 – 2005 г.: џинглови, реклами, тизери, фонови, шпици, прилози… Наскоро можност за преслушување на овој сајт на дел од изработеното.


Радио реклами

Изработени се голем број на рекламни радио спотови за различни клиенти на Радио Гром. Наскор можност за преслушување на овој сајт на дел од сработеното.