Изгледа одлично. Досега не сум препорачувал било каков софтвер или веб алатки. Едно од главните насочувања на мојот бизнис ПРЕЗЕНТ е проектен менаџмент при имплементација на софтверско решение во микро и мали фирми, по претходно извршена бизнис анализа, без фаворизирање на производител.

Фирма што нема буџет за „издржан веб“ а сепак неопходно и е потребен веб, WordPress е одличен збор. Одлична поддршка, и секако платформа која е „жива“ – секојдневно се доградува и надоградува со разни опции, закрпи, додатоци.

Постојат и други opensource решенија. За определбата за користење на ваков софтвер, и мојата препорака во друг мој став.