Доколку вашиот бизнис не е на интернет, тој не постои!

Звучи драматично, но факт е дека над 75% од населението во нашата држава секојдневно користи интернет, како и тоа дека околу 1 милион луѓе секојдневно го користат својот мобилен телефон. Земајќи во предвид дека навиката „барам на интернет, па потоа барам во реален живот“ веќе е навика на секој без разлика на возраст, сосема логична е погорната изјава. Вашиот бизнис мора да е на интернет, доколку ви е важно тој да опстојува по правило на проста математика (влез + своја вредност = излез + заработка), неминовно е тој да е присутен онлајн.

Што треба да направам за мојот бизнис да биде на интернет ?

Работите се едноставни, и веруваме ги знаете, но не е погрешно да се потсетиме. На старт да расчистиме една важна дилема: вашиот бизнис не е само и само на интернет доколку имате своја веб продавница! Еве што значи бизнисот да е на интернет:

Четири правила за основно онлајн присуство

Правило 1 – сопствена веб страница.

Да, основен темел на онлајн присуството, а понатаму и дигиталниот маркетинг на бизнисот, е веб страницата. Тоа е местото каде бизнисот ја испорачува пораката, привлекува купувачи, комуницира со својата понуда и побарувачката од купувачите, ја одржува вредноста на брендот. А во исто време содржи содржина која дава постојана и дополнителна вредност на производите и услугите, како и имиџот на брендот. Не не, тоа не е вашиот бизнис каталог претворен во електронска верзија. InOne е најоптималната инвестиција за секој микро и мал бизнис. Покрај тоа што гради функционална веб страница за бизнисот, дополнително овозможува целосен сет на напредни алатки за дигитален маркетинг за современа продажба и промоција.

Правило 2 – запис на печатени и онлајн бизнис листинг

со комплетни контакт податоци во индустрии каде припаѓа бизнисот. Доколку не сте каде што се сите бизниси, ја пропуштате можноста да бидете најдени од купувачите. Уште поважно, доколку ги искористите опциите за истакнување на својот бизнис со целосна лична карта, локација на мапа, портфолио на производи и услуги, купони за акции и попусти, тогаш голема е веројатноста бројот на повици од купувачи да го зголемите и до 7 пати. Тоа е просекот на секој клиент на Златна книга (www.zk.mk).

Правило 3 – Facebook страница.

Во нашата држава речиси секој има свој профил на оваа социјална мрежа. Над 85% од бизнисите користат промоција, а над 40% од нив трошат пари за реклама на Facebook. Неопходно е бизнисот да биде и тука. Но, внимателно со промоциите и со буџетите за спонзорирани постови. Ви препорачуваме, пред се, изработка на стратегија, план, а потоа реализација. Само така, со однапред дефинирана цел, и со паметна комуникација со корисниците на Facebook, ќе создадете резултат за својот бизнис.

Правило 4 – Google My Business профил.

Секој бизнис треба да ги искористи големите играчи на интернет, како што се Facebook, но и Google. Google е во постојана иновација за изнаоѓање модел на социјална мрежа кој вистински ќе парира на Facebook. И кога се работи за бизнисите, тоа веќе го постигнува со Google My Business. Битно е вашиот бизнис да е на прва страна на резултати од пребарувањето. А тоа го овозможувате со квалитетен GMB профил, како и со квалитетна веб страница.

Вашиот бизнис е сигурно на интернет. Употребете ги овие препораки за вашето следно ниво, за поуспешни резултати во вашиот дигитален маркетинг.

 

Преземено од InOne.