Сите ја разбравме важноста на почитувањето на здравствените мерки пропишани од државата. Сигурно ги почитуваме, сите. Без почитување, се ставаме себе си и сите останати во непотребен ризик. Се грижиме за превентивата, за да намалиме ризик од последици.

Еден од важните чекори во оваа фаза во која сме сега, каде огромен дел од компаниите ги менуваат совите процеси на работа и масовно вкулучуваат работа од дома, е безбедноста на податоците со кои работиме, особено лозинките за најава на сервисите кои ги користиме: емаил, cloud storage, cloud софтфвери, и што и да друго користиме во секојдневието. Не ги забораваме профилите на социјалните мрежи итн.

Безбедносен совет #1 поврзан со вирусот корона Covid-19

  1. Напрвете список на профили каде сте секојдневно активни (на пр. Gmail, Yahoo, Outlook, Facebook, Google, ZOOM, …). Притоа запишете ги корисничките имиња и лозинките со кои се најавувате.
  2. Најавете се на секој профил, и направете промена на лозинките.
  3. Највете се и од декстоп / лаптоп, и од мобилниот уред.
  4. Променетите лозинки зачувајте ги во документот кој го направивте.

Повеќето од своето работно време сме онлајн, ќе работиме и од дома, барем во следните 1 месец. Па затоа битно е ова да направите уште денес.

Доколку не го направиме ова, ризикуваме безбеден пристап до податоците кои ќе ни требаат за да функционираме секојдневно. Редовна хигиена за лозинките е менување барем еднаш месечно.

Бидете добри и грижете се за своето здравје и здравјето на блиските, и безбедноста на своите профили на интернет.