Басни за деца, големи и мали;
Басна – Усмена или писмена творба, со анимистички или анималистички поглед на светот во неа, со интересирање за персонифицирање на појавите во живата и неживата природа, поистоветување на човекот со животно. Таа е блиска на пословицата според исходот – соопштението кое доаѓа како резултат на конкретно изнесени ситуации во текстот. Таа обично е едноепизодна приказна, и се занова на една идеја.

 

Езоповите басни – просто и наивно раскажување на ситуации од животинскиот свет, притоа имајќи ги на ум човечки состојби. Животните во нив се претставници на различни категории и типови на човечкото општество: штркот ги претставува побожните луѓе, гарванот безбожниците, лисицата итрите, волкот неверниците, лавот тираните итн. Езоповата басна е ‘филозофија во примери’.

Басни во првото издание на „1001 приказна – Езоповите басни”: ‘Орелот и лисицата’, ‘Орелот, чавката и пастирот’, ‘Орелот и човекот’, ‘Славејот и јастребот’, ‘Мачорот и глувците’, ‘Козарот и козите’, Козата и магарето’, ‘Козата и пастирот’, Петлите’, ‘Рибарот- свирач на шупелка’, ‘Рибарот и рипчето’, ‘Лисицата што се прејала’ ,Лисицата и жераот’, ‘Лисицата и дрвосечачот’,  ‘Лисицата и лавот’, ‘Лисицата и лавот’, ‘Лисицата и мајмунот’, ‘Лисицата и јарецот’, Јагленарот и сукнарот’, ‘Човекот што брои бранови’.

Преслушај издание на оваа аудио книга:

Контактирај не за да ги набавиш сите досегашни изданија. Кликни тука или контактирај не на 075384753 или 078384763.

 

VOX POPULI‘VOX POPULI, VOX DEI’ 

Силата, моќта на гласот на народот. Говорот на мудроста и искуството, низ векови, време и невреме; низ зраци и самраци, низ светлина и темнина.

Творечката моќ на народот, неговата креативност. Корен, традиција, идентитет. Минатото кон иднината сосе сегашнината.

Пословици- поговорки- бисери на мудроста.

Пословиците-‘плодови на вековното народно искуство за одделни животни проблеми, појави и случки’. Според вредноста, занчењето и широката употреба, најкорисни, најдлабоки, најизворни.

Поговорките- разликата од пословиците е повеќе формална- тие се пократки, како кратка изрека или израз.

Другите индивидуални умотворби: клетви и благослови, гатанки, прашанки и брзопоговорки. Како народна мудрост, народна филозофија.

Извор песна живородна- македонска народна лирика: имагинативна преобразба на реалноста, врвен резултат на народниот гениј. Пеењето како живот, како сушност на постоењето, единствен, најпрепознатлив облик на слободното постоење.

Ука и поука- од народните приказни. Народните приказни за слушање во часови- мигови на спокојство и немир, на мака и надеж, на умора и сомнеж.

Преданија и легенди- три битни елементи: мит, предание и легенда; митот во космогониски, во етиолошки, културно- историски, херојски преданија; легенди- хагиографски и херојски.

Етнограф- етнографски материјали: записи и описи на појави, обичаи, соништа, верувања, баења, кобења, игри и др., етнографско- историски и филолошки материјали.

Vox populi- гласот на народот. Да се слуша во сите и за сите времиња.

 

Преслушај издание на оваа аудио книга:

Контактирај не за да ги набавиш сите досегашни изданија. Кликни тука или контактирај не на 075384763 или 078384763.

 

Дедо Громче-Досие ХКОЈ Е ДЕДО ГРОМЧЕ ?

Еден дедо кој не бил, не е и не ќе е никој и ништо, ами секогаш бил, е, и ќе биде ем нешто ем сешто од нас, пред нас и во нас. Еден дедо кој, за разлика од другите дедовци меѓу народецот наш насушен, за разлика од мајмунот кој само што не го направил последниот еволутивен чекор до човек исправен, горд, самостоен и граѓанско- индивидуално самосвесен, се слуша, се гледа, се чита, ама и за се премислува, промислува, домислува.

Колку се слуша гласот на Дедо Громче? Според темелни, научно фундирани истражувања на јавното мислење од страна на најпознатите истражувачки агенции, институции и компании во светот, спроведени по нарачка на највисоките општествено – политички, културно – научни, јавни и тајни органи на Република Македонија (со мошне интересна ‘референца’ во поблиското и подалечното минато, со нејасно и непознато потекло и значење-БЈРМ), Дедо Громче се слуша колку што се слуша гласот на народот. А бидејќи тој- гласот на народот во Република Македонија отсекогаш, а особено од периодот на транзицијата и капитализацата па наваму најмногу се слушал, се слуша и нема причина и во иднина да се слуша, тоа ќе рече дека Дедо Громче се слуша најмногу од сите познати и непознати дедовци, а за бабите ич да не правиме муабет.

Па сепак, прибидејќи мнозинскиот македонски народ, како граѓанска заедница, и немнозинските немакедонски народи како национално – малцински колективитети, многу повеќе сакаат да читаат (во однос на гледањето поради пречестото паѓање мрак на очи е забележано мижење и замижување пред стварноста, вистината и полувистината), Г-нот Дедо Громче реши она што го кажува, но и она што го замолчува или премолчува, да го пише за пишано да му остане: секој ден да не остане кусур – без некое ретче, да си пишува ХРОНИЧЕН ДНЕВНИК, и тоа во тетратки со тесни и широки линии и со плајваз што го сочувал од детските ученички, средношколски и студентски денови.

ХРОНИЧНИОВ ДНЕВНИК НА ДЕДО ГРОМЧЕ, што и се нуди на јавноста во тонска верзија, е резултат на технолошкиот развој на современата цивилизација и на граѓанското општество во Македонија: хроничен (не хронолошки), позиционерско – опозиционерски, што ќе рече ни по баби, ни по стриковци, ни по горни ни по долни, ни по други блиски и далечни роднини и нероднини, слободарско – самоцензурирачки дневник со трајни, безвремени и безгранични вредности.

ХРОНИЧНИОВ ДНЕВНИК НА ДЕДО ГРОМЧЕ се слуша со и без концентрација, од имајкаде до немајкаде, ангажирано – активно и рамнодушно – пасивно, контекстуално и конотативно, во редови, меѓу редови и без редови. За она што е речено Дедо Громче инсистира дека не сноси никаква одговорност, особено ако спомне некого од познатите и заборавените случајно или намерно. Инсистира по никоја цена на неговото:’Јас што ќе речам, речено е’.

Слушајте го за да не се најде некој да ве преслуша!

Преслушај издание на оваа аудио книга:

Кликни тука и псети го нашиот YouTube канал
за повеќе емитувани епизоди од овој аудио серијал на Гром радио.

Контактирај не за да ги набавиш сите досегашни изданија.
Кликни тука или контактирај не на 075384763 или 078384763.

 

 

АУДИО ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ПАНОПТИКУМАУДИО ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ПАНОПТИКУМ

Општост на знаења за науките и уметноста воопшто, заоктружена, прегледна едукација; со жив збор, кој на непосреден или посреден начин ги ‘оживува’ знаењата и информациите; ‘жив’- ‘отворен’ збор= ги држи знаењата и информациите ‘отворени’ за нови, за нивно возобновување, богатење, ги одржува; трајност на аудио записот и негова употреба без просторни и временски ограничувања.

‘Жива’ радио енциклопедија:

  • ‘жива’
    = потврда на сознанието за предноста учењето со ‘жив’ збор-Viva vox docet;
  • енциклопедија
    = основно, суштинско значење, содржина, функција- општа наобразба, ‘заокружена’, ‘прегледна’ едукација;
  • аудио енциклопедија
    = ‘аудиска’ прегледност, заокруженост, општост на знаења за науките и уметноста воопшто; општопотребни и корисни знаења и информации;
  • паноптикум
    =видно, што се однесува на видување: завод во кој се сместени разни уметнички збирки и научни апарати, особено фигури од восок, поради очигледно поучување на посетителите со збор и оглед; паноптичен- кој се гледа, кој секаде гледа; севидност.

Забелешка: ‘Паноптикум‘ е култна радио емисија која во македонскиот радиодоифузен простор го промовира и афирмира енциклопедискиот принцип на наобразба односно едукација. Заедно со радио- проектот ‘Радио урнебес’, таа претставува меѓник помеѓу стереотипната радио наобразба и инвентивната, креативната аудио едукација. ПАНОПТИКУМ е активен и на веб: www.panoptikum.com.mk.

Преслушај издание на оваа аудио книга:

Контактирај не за да ги набавиш сите досегашни изданија. Кликни тука или контактирај не на 075384763 или 078384763.